Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Милосрдна сестра со рачички мали за раната наша не наоѓа лека. Со милосни очи, со поглед што гали не ни носи таа нам преврска мека.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Всушност, и онаа што ја има - Искар, е толку мала за Софија, што би можело да се рече дека градот е без река.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да можам ... само да можам, да сторам да трае мојот сон кога твојот се руши... зошто не секогаш во една средба трае сиот живот а животот е мал за да го собере сето во тебе за мене... за да собере толку и смеа и солзи, и копнеж и љубов...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
„Мал су за комита, а не сум мал за венчање!“ — со лутина си мислеше кога си тргна од кај вујка си Ѓура.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)