Во манастирскиот двор под оревите, долу покрај реката, по чардаците, сегде каде што има сенка -преполно е исполегнат народ.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Срната и Јоле се разиграа во манастирскиот двор и тогаш се пуштивме и ние.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И сето време срната ја водеше играта во манастирскиот двор така што не се ни обиде играњето да го извади надвор од авлијата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ние скољарчињата никогаш не влегувавме во манастирскиот двор, ни на порта ни низ вратничето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И додека моите пријатели - уметници фаќаа пусија околу манастирот, по ливадите и карпите, на песокта крај езерото, јас останав во манастирскиот двор за да ја сретнам повторно манастирската обителка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од манастирскиот двор се гледаше само парче високо небо.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Исчезна како ветрушка по скалите кон манастирскиот двор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Над портата од манастирскиот двор, игуменот им ја покажа фреската на која е преставено уште едно од чудата на свети Наум: мечка впрегната во јарем ора со вол.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
И огледало веќе не употребуваше при чешлање на косата за да не си го види лицето; па дури и на изворот кога полнеше вода со ѓумовите, не си го загледуваше својот лик во водата; кога врвеше низ манастирскиот двор кон црквата да се моли, минуваше со забрзани чекори за да не се сретне со погледите на манастирските слуги кои зрчеа во неа; и кога ќе минуваше крај чардакот каде што седеа полковниците, ја вртеше главата за да не ги судри очите со нив; но Бонети ја гледаше упорно и пред очите му излегуваше она нејзино прекрасно тело, кое тој во текот на епитимиите што ѝ ги правеше отец Иларион, ѝ го гледаше скришум низ прозорчето поткачен на столче; гледаше како отец Иларион ѝ го покриваше со покривката голото тело допирајќи ја со прстите по меката кожа што во студената ќелија ѝ гореше; го гледаше тоа голо тело, како и возбудата на отец Иларион кој се кршеше во себе и се мачеше да се воздржи, одложувајќи можеби за подоцна, кога ќе ѝ преболи болката, кога ќе се вразуми.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Откако каменоделците по непресилената пијанка во манастирскиот двор отишле во пештерите на местото Богородица да удираат со чекани и да вообликуваат воденички камења за четинестите туѓостојбинци од некое село за кое тие и не чуле, се случило на еден час пред заод Арсо Арнаутче да ја сретне Фиданка Кукникова со нарамник гранки на грб и да ѝ помогне благоглаголив да ѝ се врати верата во луѓето - жена е, и светците ќе се симнат од икона да ѝ помогнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навистина, што го влечело кон тоа место на кое пред зајдисонце наслушнувачки го фаќал во лет разговорот на возбудливата жена и на возбудениот Арсо Арнаутче, - „Те видов мртов денес кога ви донесов ракија во манастирскиот двор“.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби? Но луѓето, со измиени очи од молитви, ја дишеле слободата на пролетта во манастирскиот двор и се чувствувале малку поинакви од себеси поранешни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Клекнете. Земјата на манастирскиот двор била мека од влага.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Те видов мртов денес, кога ви донесов ракија во манастирскиот двор.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Сакаш да кажеш дека си ме сонувала мртов. - Не, не сум те сонувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зошто сум овде, се прашувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби тие биле векови во кои зборот сомневање не ѝ бил познат на крвта, можеби во тие верувања крвта го познавала само себичниот збор денес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И внуците се поинакви од своите дедовци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Па штом одам обратно по шините, ќе стигнам до Битола, а таму ке се распрашам како да стигнам дома.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога малку се потстопли, почнавме да излегуваме во големиот манастирски двор и да шетаме по паркот, па одевме дури до долу, до манастирските гробишта.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)