манастирски (прид.) - книга (имн.)

Ранениците ги стиснаде забите - ништо не е, ги тешеле своите жени само со насмевка, а вдовиците си ги кршеле прстите и оделе од човек до човек; секоја се надевала дека ќе го види познатото лице на својот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што има толку интересно во тие манастирски книги? Ќе побудалиш од читање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ја беше наведнал главата и чекаше. Ама, кога ја крена, виде дека игуменот се откажал од тоа и сега беше задреман врз една од тешките манастирски книги, што ја држеше на колената, Се тргна, ја затвори книгата и ја баци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Попусто: чудото на оживување било возможно само во старите манастирски книги. Луѓето се збигоросувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)