Кметот и азите беа се распоредиле и за ручек, беа нарачале да се донесат дветри овци, брави; да се осучат мазници и неколку кокошки за муљазимот, чаушот и онбашиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Муљазимот беше наредил вечерта селаните по еден од куќа, да се соберат утре, да им држи некакви поуки и совети околу редот и безбедноста во селото, по кое обично ги тераше да прават и оро, та да се насладуваат на убавите мариовски моми и невести.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)