Кога продре длабоко во мене чувствував дека ја допира секоја жилка на моето битие и дека во тие мигови, понесена од некој ѓаволски синдром на внатрешно расцепување, на некое болно раскинување и растурање (“Ќе те растурам, ќе те растурам, ќе те растурам,” викаше Ниротакис Алимакопулос, цепејќи ме одвнатре) лудо се подавав и, гледајќи си ја фрлената униформа на подот, го прашував, или сакав да го прашам:
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ниротакис Алимакопулос – Грк со мароканско потекло, бизнисмен накалемен кај нас, сомнителен во врските со матичната земја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)