Тоа е одлика на нашето општество во целина, а треба да се објаснува преку општествени фактори, како и преку индивидуални.
Причините поради кои некои момчиња стануваат хомосексуалци, кои и да биле, мора да се горе-долу истите причини поради кои некои момчиња стануваат хетеросексуалци, со оглед на тоа што само во последниве триста и нешто години момчињата воопшто стануваат едното или другото.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И покрај низата спротивни тврдења, денес не постои таков – вклучувајќи ме и мене – што е во состојба да навести одговор, а камоли да даде целосен одговор, на таа загатка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто немаме работа со поединечен случај, туку со колективна појава: со масовното обликување на геј- и на стрејт-сексуалности и субјективитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А не треба ни да бараме одговори тесно сосредоточувајќи се на градбата на одделните субјекти, како што прават психоаналитичарите, макар поголемите општествени процеси нужно се одвивале преку збир од процеси од помал размер, како што се оние што се случуваат на нивото на индивидуален развој.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)