Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Вода дождовница ги полни рововите. Шлапаат во матната и ја месат со калта.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За Македонците, згутавени во беда и неизвесност, по плитарски и каменоѕидни куќи скоро без прозорци или по зандани, едни, а други собрани во секакви војски, иднината е нејасна, повеќе матна и разбуричкана отколку привлечна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Под мрак седеше во празна крчма, со празни луѓе, со празни разговори- матни и неврзани, пролокани до 'рбетот од пламенот на отровот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Волкот премолче, продолжувајќи да се оближува. Очите му гореа матно и плачливо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
XV Зорите во вакви утра се матни и пепелави. Нивното доаѓање ни малку не се чувстува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
(Пие. Откако ќе сврши со пиењето, запева, тешко, со болка, пијано: „Како ќе ја минам мајко, Таа река Вардар, Матна и крвава...“
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)