41. Задачата на македонската интелигенција отсега натаму ќе треба да биде да се одделат нагледно за сите: за самите Македонци, и за Турција, и за балканските држави и за големите сили, интересите на Македонците од интересите на другите балкански држави и народи и да се изучат подробно сите прашања сврзани со избавувањето на нашиот народ и нашата татковина од сегашната голема несреќа и со процветот на нашиот народ во духовен и во материјален однос.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кај уметничките дела за иницирање на виртуелни, естетски кодирани светови, се работи, напротив, за допир, кој во смисла на простор, дефиниран со односите на реалните предмети, навлегува во празно, но интензивноста на различните тактилни функции, посредувани преку податочната ракавица, предизвикува промени на полето на сликовното и звучното во компјутерски симулираната околина.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во виртуелната реалност всушност допирот е сетило-теоретичар, бидејќи непосредно во материјалниот однос не допира ништо, функционира само преку дистанца, која му овозможува информатичен, податочен контакт преку посебни интерфејси.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)