Работникот е должен да го известува работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето или за настанување на материјална штета, што ги дознал при работата и кои би можеле да настанат кај работодавачот или трети лица (чл. 33, ЗРО). 215
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Бидејќи тужениот работодавач не ги оспори пријавените побарувања на својот работник – следуваше судскиот совет (во состав од судијката Л.Тодорова – претседател и судиите- поротници Е.З.Тосева и А.Петрова – членови), по одржаното советување и гласање,4 во ноември 2007, да донесе позитивна пресуда врз основа на признание со којашто го усвои тужбеното барање на тужителот и го задолжи работодавачот – по основ на надомест на претрпена материјална штета – да му исплати: а) 16 неисплатени плати [за периодот од јули 2005 до октомври 2006] во единечен износ од 7.866 МКД – или вкупно, по овој основ, сума од 125.856 МКД (о. 2.065 ЕУР); и б) 16 неисплатени придонеси во ФПИОМ, за истиот период, во вкупен износ од 47.209 МКД (775 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Парничните трошоци на спорот во оваа правна работа – судски, адвокатски и странкарски – изнесуваа вкупно 36.870 МКД (605 ЕУР) и паднаа на терет на тужениот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дали во таков случај волјата на работодавачот ќе преовладее и истата би ги дерогирала закoнските норми донесени од страна на надлежните државни органи!?;22 ● поранешната обврска на работникот да го извести работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето на другите пред нивното настанување, или по настанувањето на материјална штета, претрпe измена со тоа што сега работникот е должен веднаш да го извести својот претпоставен или друго овластено лице кај работодавачот, но сега само за веќе настаната материјална штета, што секако не е во полза на работникот, бидејќи тој согласно постоечките позитивно - правни норми од ЗРО, индиректно одговара за материјалната штета која би ја претрпеле трети лица, а за која работодавачот во иднина би можел да ги рефундира трошоците од работникот (чл. 13 од ЗИДЗРО/септ.10); г) одредени измени, повторно на штета на работникот, претрпе и чл. 35 кој ја регулира обврската на чување на деловна тајна.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, со изговор дека наводно, заедно со останатите работници на смена, сакајќи да прибават противправна имотна корист од 5.250 МКД, при утовар на поголема количина сепариран влажен песок од декларираната, го оштетиле претпријатието2 – им е врачена одлука за престанок на работен однос поради кршење на дисциплината, донесена од страна на директорот, а без никаква внатрешна дисциплинска постапка и без никакво предупредување пред исклучување или, пак, било каков друг вид на опомена или санкција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)