Пелагија, во деновите кога не се работеше, а тоа беа само неделните денови, ги отфрлаше машките пљачки, се пикнуваше во своите фустани и со момичката во раце и Мурџо крај нив, шеташе во маалото од улицата Ѓоновиќ сѐ онаму до шепотот на Вардар со надеж дека ќе пронајде некое одајче каде ќе можат да се преселат.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Најпосле некако се примири, се испружи зад Митра сѐ уште со раката во пазувата и слушајќи ја мајка си како нешто вражи исо устата, влезе во еден мигновен денски сон: ја гледа Пелагија и не ѝ се верува дека девојката што ја гледа е нејзината пријателка, ја гледа на улица, на разминување, облечена во машки пљачки со широка војничка мандија Која ѝ ја одзема и последната женственост што зрачи од нејзините крупни црни очи, се разминува со неа а таа не дека не ја препознава, ја препознава, ама се прави како да не ја знае, Пелагија оди кон запрега на среде улица, скокнува во неа, го зема камшикот и ги фраснува коњите безмилосно, тие ги напнуваат вратовите и јурнуваат по патот што сега е покриен со дебел пласт снег.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)