Продолжувам да читам: „12 елеци; 8 панталони; 2 шала; 4 пешкири; 9 рала гаќи...“ - Машки или женски? - праша некој и водот удри во долга кикотлива смеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
(Порано секогаш ме прашуваше дали сакам машко или женско дете, а сега ме прашува дали сакам машко или женско куче).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)