Вие продолжувате на чудесен начин да ги обединувате сите атоми на мојата сага по целината по која трагам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе се бранам, упорно ќе се бранам, односно упорно ќе тврдам дека пишував и на јазикот на другите зашто докрај му останав верен на почнувањето, на изворот на животот, според кодот на мајчиниот аманет, да трагам по нејзината порака само во јазикот на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Долго време размислувам за мајчиниот аманет пред патувањето да се видам со нејзиниот преостанат брат.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)