Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но сепак, наивно верував во спротивното, бев готов да му ја пренесам желбата да ги видам моите блиски по мајчина линија, не верувајќи дека би можел да му се доверам на Х.Х.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Близу границата ми пријде несетум една жена од моите блиски по мајчина линија, индиректна рода и ме гледаше час со извештачена доза на благо сочувство, час со извештачена доза на сожалување, којзнае која беше вистината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Десетина години Сефардот ја чекаше раката на убавата братучеда. Најпосле се споија двете судбини.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се случи во неговото семејство, првата братучеда по мајчина линија Лејла, дамна замината во Цариград, да се вљуби во еден муслиманизиран Евреин (дмне), припадник на еврејските Сефарди.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)