Не заборавај ми го името, порачуваше!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Откако се родив те знам, го слушнав твојот смев, кога растев во мајчината утроба.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не, не станува збор за некакво нашепнување, туку тоа беше упорно повторување, гласно довикување со кое се трудеше ти да ме разбудиш: Ведран всушност е Иван, ми довикуваше ти од длабочините на мојот сон!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Детето е подзинато, плаче, ги испушта првите животни гласови, се тресе од студ или од страв - оставено без мајчина утроба.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој како да го доживуваше тоа од моментот на зачнувањето во мајчината утроба, зачнување со моќ да го замисли и создавањето на Сандра со која ќе се сретне и ќе го доживее ова што, еве, го доживува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Со солзи и потно чело, на овој свет мајката сама го дочека, а на бебулето како да не му се напушта мајчината утроба- лулка мека.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Како што новороденчето го вадиме од мајчината утроба за да земе здив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)