И конечно, тоа што најмногу ме зачуди и што се покажа како кобниот фактор во мојот престој кај тетка ми, беше извонредно мекиот теписон во кој и влечките ми потонаа уште при првото стапнување во тоалетот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
- Детето го оставивме без десерт, ете цревата уште му кркорат од што е гладно.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Колку што повеќе мислев на тоа, толку повеќе се потев - па се обидов да разговарам со тетка ми Олга додека мојата друга тетка се извини и рече дека ќе донесе нешто од другата соба "да се послужиме".
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Веќе бев седнал на шолјата и бев почнал да се концентрирам на моите вознемирени црева, кога ми се стори како да начув леки чекори врз мекиот теписон кој од тоалетот излегуваше право во ходникот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)