- Мора да се посочи на големиот углед којшто земјата го има во светот, да речам во меѓународната заедница! - се јави Сашо, неодамна дојден во секретаријатот како завршен студент на економија со просек 9, 27.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ако случајот ми ја дари можноста да придонесам за признавањето на државата Република Македонија во меѓународната заедница, јас и во оваа пригода ја изразувам мојата постојана приврзаност кон оваа земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓународната заедница и невладините се обидуваа да притиснат.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
По ова започнува процесот на имплементација на Рамковниот договор кој се одвиваше со поголеми потешкотии и интервенции од меѓународната заедница.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Таму веруваа дека нема друго решение освен меѓуетнички судир, кој ги стави во целосна изолација од меѓународната заедница.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
На 5 јуни 2002 беше основана нова албанска политичка партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) на чело со Али Ахмети.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тој се согласи и со овие зборови и во душата почувствува горчина кога некој друг рече дека меѓународната заедница покажала максимална толеранција за Албанците и тоа им дало право да мислат дека можат да прават што сакаат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)