И така, ќе следи неколкудецениската историја на израелско-палестинската конфронтација, која ќе биде обележана од низа изгубени шанси.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат и официјално напуштајќи го својот сон за создавање на една обединета и демократска држава за време на својот говор пред претставниците на Обединетите Нации во Њујорк, во ноември 1974 година, ќе предложи создавање на една мини-држава во Трансјорданија и Газа, со реципрочно и симултано признавање на Израел и Организацијата за ослободување на Палестина, да преговара со преставниците на еврејската држава во рамките на една меѓународна конференција, под закрилата на ООН и големите сили.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овде беа задржани епохи, гравирани во меморијата на бронзата, каменот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во Париз се одржуваат последните сесии на разрешената историја, големите меѓународни конференции со кои се означува мирот по светските судири, големите војни кои доведоа до падот на колонијализмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во екот на таквата негова активност, го поканија да учествува на една меѓународна конференција посветена на еколошката иднина на Балканот во Солун каде што неговото полусериозно и полудуховно искажување, за него неочекувано беше толку забележано што истата вечер локалната телевизија го покани да учествува на еден ТВ панел.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во Амстердам 89-та беше одржана првата меѓународна конференција на компјутерски хакери, “Galactic hacker party” (Галактичка хакерска журка).
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)