Татко уште во младоста, кога го совлада францускиот јазик, дојде до книгата на Фаик Коница, пишувана под псевдонимот Пирус Бардхули (Pyrrhus Bardhyli), Essai pour les langues naturelles et les langues artificieles, (Брисел, 1903), со која сакаше да им зададе конечен удар на есперантистите и на другите приврзаници на вештачките јазици во големата меѓународна полемика, поддржан од Реми де Гурмон и Гијом Аполинер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски нестрпливо очекуваше Татко да продолжи и, сепак, не издржа да не го потсети: Но ти не ми кажа како заврши меѓународната полемика.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но јас не разбирам зошто морал да се служи со псевдоним во меѓународната полемика во весникот l`Europen? Прашањето Ви е на место, мој Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски веќе имаше во главата планови како да дојде до пошироки информации за врските на Фаик Коница со Борис Сарафов, но сепак не го оттргнуваше вниманието од Татковото кажување за меѓународната полемика за вештачки или природен јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)