меѓусебен (прид.) - однос (имн.)

Затоа е разбирливо значењето на пронаоѓањето на консонантно-силабичкиот систем на писмо, со што започнува нова етапа во развитокот на писмото и се подготвува почвата за формирање на квалитативно нов систем на писмо, алфабетот. 88 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
5.  Поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како: 1) друштво коешто во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество; и 2) зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички (чл. 491, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кон пријавата за упис на основање на друштво во трговскиот регистар, основачите поднесуваат лична писмена изјава, заверена кај нотар дека не постои некое од ограничувањата 235 од овој член или друго ограничување, определено со овој закон, за да основаат друштво (чл. 29, ст.6 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Содржината на договорот за друштвото, односно на статутот основачите ја определуваат во согласност со овој закон (чл. 22, ст.3 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа ситуација на невозможност да го измениме меѓусебниот однос ме исцрпува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа се гледа и од нивните меѓусебни односи дури и овде на небово.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако знаеме дека две проекции на еден ист филм не се секогаш идентични, Ворхол отвора можности за интерпрета­ција, како во врска со звучната слика, т.е. озвучувањето на своите филмови, така и во поглед на редоследот на прикажу­вањето на ролните и нивниот меѓусебен однос (во Девојките од челзи кој се прика­жува симултано на две платна, односот на ролните не е прецизиран ниту временски ниту со распоредот).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За разлика од раните бучни неми филмови на коишто со монтажа им беше додаден звукот (на пр. митралезите од Ејзенштајновиот Октомври, 1927), Ворхо­ловите филмови тематски и концептуално, во својата структура се неми, лишени 102 Margina #15-16 [1995] | okno.mk од монтажа и движење на камерата, значи од филмскиот јазик (Kiss, Eat, Empire), па и нивниот оригинален звук малку би им користел, или пак натуралистичкото озву­чување би донело до симнување на нив­ното естетско ниво и концептуалната чистотија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во мај 1942 година меѓу Форин Офис и СОЕ биле дефинирани нивните меѓусебни односи.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во меѓусебниот однос на римите GROS, BEAU i TROP, gros и beau се спротивности, додека trop значи премногу, така што дури и овде спиралата се движи внатре-надвор. L’ENFANT QUI TETE EST UN SOUFFLEUR DE CHAIR CHAUDE ET N’AIME PAS LE CHOUFLEUR DE SERRE CHAUDE.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како што смета авторот, ако на почетокот од последниве два века (за кои слободно може да се каже дека се во знакот на борбата помеѓу идеологијата и поединецот) бил посилен аспектот идеологијата против поединецот , со постепеното ослабување на врската на поединецот со општеството доаѓа до сѐ поголемо засилување на аспектот поединецот против идеологијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Освен тоа, вкусот кој е роден сам по себе зависи од набљудувачот: „Тогаш сфатив дека на гледачот, повеќе отколку на уметникот, уметноста му е дрога од навика, и затоа сакав да ги заштитам своите редимејди од тоа сквернавење“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Исто така, таа не е свесна за степенот до кој нејзиниот јазик е содржан не во апстрактните концепти и печатени зборови, туку во специфичното однесување на лекарите кои работат во клиниките, во нивните меѓусебни односи и разговорите со пациентите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што може да се види од краткиот опис на секоја глава, Бранислав Саркањац во својата книга зафаќа широка лепеза на проблеми поврзани со меѓусебниот однос на идеологијата и поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навистина, гледано од негов агол, одбраните предмети не беа во меѓусебен однос, “кој не би бил индиференција”, поставувајќи се над секое уживање во “прикладна форма” или во точното презентирање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нивното интересирање е фокусирано на тоа како “менталните појави” и “физичките појави” постојат во меѓусебен однос, а истовремено им припаѓаат на две различни јазички области.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ме прими срдечно, топло, како да сме се познавале многу одамна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој период повеќе бев книшки внесен во сложеното палестинско прашање, во драмата на блискоисточната криза, во комплексните меѓусебни односи на арапските земји, во силните влијанија на големите сили, во стратегиската линија на неврзаните земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие понатаму се делеле на разни начини, носеле безброј различни имиња, а нивната бројност, исто како и нивниот меѓусебен однос, се менувале од ера во ера: но основната структура на општеството никогаш не се менувала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие понатаму се делеле на разни начини, носеле безброј различни имиња, а нивната бројност, исто како и нивниот меѓусебен однос, се менувале од ера до ера: но основната структура на општеството никогаш не се менувала.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ема не сакаше да се троши со ветви и ефтини фрази кои не беа вообичаени во нашите меѓусебни односи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Соочена со новонастанатата ситуација и сè поголемата нетрпеливост од страна на неговите родители, Марија ја насетуваше опасноста од нивното негативно влијание на Хелвиг, и на нивните меѓусебни односи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За мене беше неопходно да се оста­ви простор за трансформирање на внатрешната енергија, и така јас морав да создадам однос помеѓу телото и искуството на набљудувачот како оној помеѓу масата на материјалот на скулптурата и празнината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова покажува колку Бојс беше чувствителен за исходот на уметноста и на скулптурата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој го имаше предвид начинот на кој делата беа инсталирани; тој целосно ги објаснуваше своите идеи во овој однос, опишувајќи ја нивната позиција и меѓусебен однос, како тие треба да бидат сместени, и како да бидат изложени во иднина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во него посебно се нагласувало „Черчиловото повикување на водачите на југословенскиот кабинет од Каиро во Лондон, како последен обид да се решат политичко-воените разлики меѓу маршалот Тито (Јосип Броз) и генералот Михаиловиќ, бидејќи во новосоздадената ситуација Британците не можеле да продолжат со дотогашното парадоксално политичко признавање на Владата на премиерот Божидар Пуриќ сè додека таа инсистира на третирањето на маршал Тито како ’измамник’“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основните креатори на овие политички системи беа големите сили, кои во историскиот момент на нивното дејствување се сметале за „големи“, влијателни и супериорни сили во меѓусебните односи со другите држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 8 март 1944 година, „Њујорк тајмс“ го пренел коментарот на својот лондонски известувач Џемс Б. Рестон, со осврт на меѓусебниот однос на Британската и Југословенската влада во емиграција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За разлика од Варезе, Кејџ покрај звучните иновации со удиралките, во своите дела тежнееше кон специфичен начин на организација на звукот истакнувајќи ја пред сѐ важноста на траењето на тонот и тишината во нивниот меѓусебен однос отколку желбата за надоместување на другите (на останатите инструменти) лесно достапни елементи на музиката (мелодија, хармонија и сл.).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тука немаат никакви меѓусебни односи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но тоа е само сличност, бидејќи типично борхесовскиот расказ не цела толку - како во конвенционалната проза - да фати “цртичка од животот”, колку да предложи нешто од аргументум тхеологицум или пхилосопхус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па сепак, тоа се раскази, заплети во чијшто след на настани и во меѓусебните односи на ликовите е пренесено нешто налик на животот што ни е познат од секојдневието.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)