II      Училишната канцеларија бргу се исполни со чад од лулата на Англичанецот кој постојано ја држеше в уста и испуфнуваше полека, рамномерно, како да врви мало, минијатурно вовче или како да се поткрева капаче на малечко тенџерче ифрлувајќи пареа и издишувајќи; префрлувајќи ја лулата од едната на другата страна на устата, полковникот Стивенс испуфнуваше само со крајчињата на устата; чадот имаше пријатна миризба како на тукушто покосено сено и стркнато со роса.
               
             
           
            
            
              „Злодобро“
               од Јован  Стрезовски 
              (1990)