Татко со восхит го слушаше Игора Лозински како зборува за мистериозниот пат на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зарем потрагата по вистината најчесто нѐ води по мистериозни патишта, а враќањето останува последна утеха?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
-Тие нѐ уништуваат со технологија, гледам сѐ повеќе - вели господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Господинот Сенка со зашилено стапче ја покажува не многу прецизната, но затоа огромна фотографија на Призрак, веројатно настаната по мистериозен пат, бидејќи, тоа сите го знаат, Призрак е отпорен на фотографирање.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Генерации поети обземени од донкихотовски илузии да го променат светот со перото како со меч, запираат на брегот на Езерото да ја проверат последната надеж, пред измамата на некој свиок на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)