А таа плетенка, а таа плетенка, докторе Ференц, имаше мирис не само на млада девојка, ами и на планинска и шумска зора, на пресен утрински ветар, на роса врз растреперена темјанушка, на млади борја и, на планински поток, на свежо сено, на ноќен ветар, имаше, докторе Ференц, мирис на свежо ископан ров, мирис на штотуку довршен бункер, мирис на јаново цвеќе, мирис на шумска јаготка, а најчесто мирис на барут... докторе Ференц.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)