Со докторската диплома во пазува и кабинетот под клуч во џеб, со младата мајка и идната аптекарка дома, со стариот татко во родниот град и сиот товар од авторитетот на традицијата во лекарската професија - се впушти Миха во оној метеж од брзак што се вика општествена афирмација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Понатаму таа е среќна како млада мајка во реклама за најнов тип памперс пелени.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Мојата баба како да беше одраснато сираче, небаре вградена во куќата крај Езерото, како во една поприфатлива и почовечна варијанта отколку во балканските легенди, во кои млади мајки се вградуваа во темелите на видни градби, за да се смилуваат злите и кобни сили да ѝ ја поштедат градбата од мистериозно уривање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие два тона младата мајка внесуваше некоја чудна радост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Така наскоро тој ни донесе една млада мајка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Прво, од работното ангажирање се изземени и жените за време на бременоста и младите мајки до 9 месеци на породилното отсуство.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)