И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И двајцата снемеа. Та шо мислеа да си кажат, си прочитааа во очите и во црвенилото на нивните млади образи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)