Не личеше на селанец: очи - млади ореви со кора, брадиче црвено и кадраво од уво до уво. Ѓакон, речиси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тој човек со гуња од секакви закрпи и опашан преку неа со две шамии, во објала во кои можат да се нурнат шумски пенушки, понекогаш работел в град: таму носел на широкиот грб по две вреќи брашно или сол, редел по турските и ерменските магази буриња со маслинки, по ановите со боси нозе гмечел грозје во каци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)