Се собирала пред него во лушпата на стравот, и малечка и намалена, со очи што не можеле, не барем ноќе и во таква прилика, да ја кажат тајната на младото срце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега не си влезе право дома и не го остави ракавот во камарата над оган, ами влезе в земник, го отвори ковчежето во кое си собираше разни работи и каде мајка ѝ никако не проѕираше, го развитка ракавот, прислушна да не иде некој, ја извади китката, и така сама почна да ја гали, да ја мириса, да ја бакнува по цветот и повеќе по корењето, ја лепеше до образи де од едната, де од другата страна, ја притискаше на гради, та дури го извади гушалчето и ја кладе под левата гола град под која силно, како чекан, биеше нејзиното, тукушто разбудено, младо срце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Имам младо срце. И јас бев арамбаша на твои години! Уште сум ѓавол. Ќе се налокаме некоја вечер, да се запознаеме подобро. (Пауза.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)