А тој, со тешката чизма удира на младите стебла, се смешка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Моите раце веќе не трепетат тие се живи и млади стебла.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ни еден автобус на Градското сообраќајно претпријатие не го примаше: од устињето на врзаното вреќиче, како од отвор на цреп, се извишуваше младо стебло со мека кора.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
И кога веќе сакал со грчот на прстите од еден замав да ѝ ја отвори кошулата на градите, да биде еден нов Арсо со друга Фиданка, знаел дека и самиот не е без сведок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја видел Фиданка Кукникова со вртење како стои понижена и бушава зад гранките и младите стебла што со брзи замави ги соборувал за неа Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секирата во неговите раце можела и планина да располови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не чувствуваш ли, под тебе мириса на ископан гроб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По недовршената врвица по која лете се движеле помеѓу капини и камења нечии овци кон пасишта или поило, се враќал со младо стебло на рамо и со секира в рака стопанот на скршената кола, здрав и мускулест човек, селскиот качар Никифор Ганевски, инаку домазет во Кукулино, со муцка која, колку и да се гледа, не останува во сеќавање ни половина ден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ученици, шумите да ги чуваме, голините да ги засадуваме, младите стебла да ни растат како што вие ни растете!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)