Ќе стивнат нашите молбени гласови, ќе се крене темнината и скрбта од лицето на татка и од неутешната душа на мајка“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа е моја работа. – Ај да си одиме заедно – со молбен глас рече малиот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не сакам тука! Не сакам! Не сакаше да биде со нас.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пелагија ѝ се обрати на Перса со молбен глас Мајко Персо, овие сандуци со свои раце ги направи Танаско и во нив чинам е сиот мој живот, голема молба имам да бидат во одајчето со нас покрај твојот убав старински мебел!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
„По добро,“ рече со молбен глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја стави десната рака во џебот, и оттаму извади црвено парталче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Влатко, те молам, слези до продавница“, - го вознемири молбен глас на мајка му и безволно ги прифати паричникот и торбата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
- „Петрович, те молам,“ му велеше Акакиј Акакиевич со молбен глас, не слушајќи ги и не трудејќи се да ги слушне зборовите изречени од Петрович и сите негови ефекти, „закрпи го некако, да послужи макар уште малку.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- На Акакиј Акакиевич ваквите зборови му го прободеа срце. – А зошто да не може, Петрович? – рече тој со речиси детски молбен глас, па само на грбот што се излитило малку, па нели можеш да најдеш кај тебе некакви парталчиња...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)