Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Останатите луѓе, кои сакаат да го докажат своето постоење, мораат самите да го изведат cogito, секој за него или за неа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што го доживуваме како тешка ситуација, несигурност - тоа не е абнормалност, туку перманентна човечка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Можам ли да речам, како оној голем филозоф, дека ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене, се нештата кои ме определуваат?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бидејќи Деридините деконструктивни процедури се полабави одошто оние типично модернистички, и бидејќи тој не става нагласок на доаѓањето до заеднички заклучоци, местото на индивидуализмот во неговата теорија е позначајно.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)