мој (прид.) - болест (имн.)

А, што ако сум јас болен, а ова е мојата болест?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сѐ добро испадна со мојата болест, а чувствувам дека ти повеќе не ме сакаш, можеби е друга во прашање, но што и да е не се измачувај“.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Од сега па натаму, времето ќе го одмерувам делејќи го на: пред мојата и по мојата болест.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
за кучето кое од мирно седење почнува да повраќа, за папагалот розела кој умираше од глад додека некој не му го потсече клунот, за моите болести и абортуси - за сето тоа бев надлежна јас, јас сум била тип жена сопруга, тој просто ме препознал во таа квалификациона група што ја предвидувала некоја научна студија за типови на жени...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сигурно е нешто друго. Претпоставувам дека тоа е поради мојата болест.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Лудувањето е моја муза, моја суштина. Тоа е лек за сите мои болести.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си ветив дека од утре ќе бидам „парадентошизомазопато- хомосаурус” или просто речено, мојата болест се добиваше, што би рекол големиот Волтер (ете, и овој пат морам да позајмувам туѓа изрека), кога „А-Б”, ќе се помножи со „Д”, а нивниот резултат ќе се подели со „Ф”, или обратно беше, не знам.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Но причината за држењето под рака не барај ја во мојата болест, туку во мојата желба да го имам синот покрај себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Што си наумила? - се обидов да ја премислам - Докторот рече дека не треба да се преморуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене не ми треба да одам ваму-таму. Со мојата болест згрешивте.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Многу боледував во детството, но мојата болка не беа моите болести, туку мојата мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара и јас понекогаш зборувавме за мајчинството, и еднаш Сара ми рече: „Докторите ми велат дека мојата болест нема да ми попречи да станам мајка,“ и помина со рацете по металот околу своите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можеби и јас бев болката на нејзиниот живот, или бев онаа точка во која се среќаваа и разделуваа сите нејзини болки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)