мој (прид.) - господар (имн.)

Ти си мојот бег, ти си мојот господар, ти си мојот султан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„О, мил ибн Пајко, о мој господару и брате”, рече тој растреперено и почна да му ја целива раката на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ни нем, како што мислевте досега, о, мои господари, Калијо и Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но мојот господар, кадијата, не може да излезе на крај со тие разбојници, па ме испрати да донесам абер и барам совет – изговори Суљо клечејќи и гледајќи го султанот одоздола нагоре со ропска понизност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Работата за која сакам да го известам мојот господар ми наложува да го направам ова, а еве што: Во мојата нахија се појави трн кој почна да боде во очите на нашата пресвета вера, да ги гази твоите премудри, закони, да го галати нашиот пророк и неговиот наследник – тебе пресветли царе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од мене понизниот слуга твој кадија прилепски понизна молба и прочка до тебе, пресветли мој господаре и татко.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа ме испрати мојот господар дури до тебе, свети царе, за милост и совет што да правиме со тие разбојници – заврши Суљо се потанко како што му нареди кадијата и пак го удри челото од подот пред султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Моите господари и самите ми укажуваа (се правдав пред тој Никола Леко) дека не ги интересираат моите интимни размислувања; дека од мене не бараат никакви предавства, дури ни самоинцијативи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)