мој (прид.) - гроб (имн.)

„Белким нема и мојот гроб што го спремив да остане празен?“, реков со иронија јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На Павле му рече: Сине, мајка тебе не те исчува како треба, да ми простиш, ако некогаш дојдеш на мојот гроб, наместо свеќа да ми запалиш, ти сине да ми се исериш на гробот, на зглавницата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И секој што потоа ќе доаѓа на мојот гроб, да фрла по еден камен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа го донела во мојот гроб, си велам и при тоа сфаќам дека дембелот, каков што е вака крупен и снажен, може да ми стане па од сопствениот ковчег да излезам претепан.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)