Некои во толпата си кажуваат едни на други дека нејзиното дете умрело при раѓањето, а други велат дека никогаш не родила, а на сите им раскажувала дека е трудна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Каде е моето детенце? Каде е моето детенце?,“ вреска една жена од купчето луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Еве го твоето дете!,“ ѝ извикува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Каде е моето детенце?,“ вреска жената, а некој од веселата толпа која ужива во оваа претстава си ја соблекува кошулата, набрзина ја свиткува, и ѝ ја фрла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сите уживаат во глетката – и градските великодостојници и занаетчиите, и свештениците и воините, и дамите и перачките, децата и старците, лекарите и рибарите, чесните и крадците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Моето детенце! Моето детенце!,“ извикува жената и го гушка парталчето на градите, го гушка и не престанува со радосните восклици: „Ми се врати моето детенце!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога умре моето детенце, ти се плашеше од неговата кутричка малечка сенка и ноќе пиеше валеријан.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)