— Не одат денеска мојте жени на работа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мојата жена? Мајката? Делфинот? - ...и секој се храбри дека изборот е негов, но јас, Хорацио Цвикало, ти велам – миличок, улогата е веќе напишана... и веќе многумина ја одиграле пред тебе, и ќе ја одиграат по тебе... сите ние ќе се вртиме во иднината!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Од секогаш сум ја замислувал дека жената на мојот живот, мојата жена, ќе изгледа како тебе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
МАНОИЛ: (Ѝ го препречува патот) Стој, ти си моја жена и без моја дозвола не можеш да ја напуштиш оваа куќа. Ти тука ќе останеш!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
•Хичкок: „Да, донекаде. Но само поради фактот што се движевме околу една единствена куќа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ноќта кога се мислело дека таа се удавила, пронајдено е тело два километри оттаму, на плажата, што му овозможило на Лоренс Оливие да го идентификува и да изјави: „Тоа е мојата жена“. okno.mk | Margina #22 [1995] 137
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Он тебе носи дома и нас кажа, ова моја жена Ние имаше план прави голема свадба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
„Ама како ја кажа. Даниел он донесе дома и он рече ова моја жена, Рози.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тато се будеше во два часот. Понекогаш, мојата жена ќе ме прашаше „Зарем татко ти не станува многу рано за на работа?“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
се раѓам минатото утро или регенерцијата како емотивна дисциплина ... да се раскрили завесата од дождови со неколку чисти капки по лицето да се сочека светлината што ги подотвара очните капии на твоето скривалиште со остатоците од ноќната гозба (и сеедно дали во милување или убод и сеедно под кој агол колку долго се задржува врз пулсирачкиот свет зад тебе) кога беше и дете и птица во иста сенка... ... но допирајќи те светлината на сенката и облекува кожа со температура триесет и шест со седум кожа со влакненца пот гребнатинки со пори изумрени клетки брчки со реа... ...со трага од нечија плунка прст од папокот... ...од тука повторно да се започне сопственото будење денес ова нека биде мој дом моја постела моја жена... а каде се птиците или несогледливоста на визуелната комуникација
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Еднаш го прашав зошто му се толку многу пари, а тој рече: да изградам голема куќа за во неа да живееме сите заедно: мајка ми, сестра ми и јас. И мојата жена, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога сите тие poules perdue ќе се вратат? 70 okno.mk Еве еден, цивкајќи доаѓа од инкубаторот на помнењето или ѕвечкајќи од расфрлената ризница на изгубени парички: le franc perdu на единствениот буквален клуч што се сеќавам дека било кога сум го изгубил: во јули 1983-та мојата жена и јас изнајмивме едно рашрафено мало рено комби во Тангер, во Мароко, кадешто бевме дошле за јас да одржам предавање за менструалните циклуси на Шехерезада како клуч за читање на 1001 ноќ.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Секако, го режираше Катс (Cutts), но јас бев сценограф, костимограф и сценарист, а мојата жена монтажер. Бела сенка (White shadow), 1923 г. Страсна авантура (The Passionate Adventure), 1924 г. Никаквец (The Blackguard), 1925 г. Згазена гордост (The Prudes Fall), 1925 г.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Замислата беше да “уживам” во тоа искуство; да учествува и мојата жена, но таа имаше некои потешкотии бидејќи набрзо ѝ се слоши, повраќаше.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Она му тури трапеза да го гости, и напои го, и извадила му скришома книгата што му ја дал негов господар и турила свое писмо какво да го е момчето пратило на татка си, така написала: „Отче, да знаеш зашто таја моја жена била дштерка на еден лош человек убијца и за нејни лоши работи пресекле еи руки.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
- Е, онаа ќе биде моја жена, беше му рекол Јон на Мирчета за мене, или онаа или никоја, рекол Јон тогаш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа е висока зграда во Јужното предградие, во која мојата жена и јас го преведувавме Витмен, чијшто моќен одек може да се одрази барем на оваа страница.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е, во една пуста ноќ, некој агол на Онс кадешто Маседонио Фернандез, сега мртов, и понатаму толкува дека смртта е измама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е Лугонес, кој од прозорчиња на воз ги набљудува формите што се губат и мисли дека веќе не го тишти должноста засекогаш да ги преведе во зборови, бидејќи тоа е неговото последно патување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)