При глумењето заслепена отсутност од страна на натрапникот сфатив дека моите игри, колку и да беа продуховени не претсатавуваа ништо друго освен обично црпење вода со цедалка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Претчувствував дека светот знае да биде многу суров и затоа се затскривав во моите игри.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Говори ми за претставата, за мене, за мојата игра. Нели беше многу добра, одлична. Вистинска Јанте.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Помислив, за него јас претставувам механизам за пренесување празнотија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се разбира мојот тим победи благодарение на мојата игра.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)