мој (прид.) - имот (имн.)

- Што, не се догледува лесно мојот имот? - Мало ти било лозјенцево. - Раѓа колку за чавките, не бој се.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Значи - у мој двор, на мој имот, скриен од сите погледи, на никој ништо не му смета...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тоа беше можеби и причината за да се согласам да го внесам и јас мојот имот и да го смешам во заедничкиот. И тоа, мислеше сега Змејко, а и оној мој Брат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го усовршите својот германски на мојот имот покрај Рајна. И својот вкус.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Прилегна, ги состави врвовите од прстите и рече: – Веруваш дека сум способен да го створам каменот што ги претвора сите елементи во злато, а ми нудиш злато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Тоа можеби е така за вас, градските жители, така да се каже, – рече Џон Биро, – но што ќе биде со мојот имот?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Фармерот се оддалечи и јас отрчав до братучед ми Мурад.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти го носам сиот мој имот. Покажа една вреќа и ја истресе врз масата. Се истркалаа куп златници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Излегов значи на 17 овој месец на балконот и речиси веднаш забележав дека соседот од лозјето под мојот имот, спомнатиот Наум Светиев, ми дава знак да му се придружам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)