Има денови кога ми поаѓа од рака Да ја засолнам зад топот Или ќе го довлечкам Од заднината здивениот коњ Сѐ си замислувам: Кралицата скокнува на коњот и бега Но набрзо очаен заклучувам дека моите итрини Поради осудата на молк или недосетливоста На Кралицата не поминуваат во овој мечешки свет.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тој малку се олабави, но потоа, како да се сети дека можеби тоа е само моја итрина, пак се вовлече во себе, ме гледаше испитувачки и недоверчиво.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)