Длабоко во душава цветот свена со него венец ќе плетам и песна недопеана во ореолот на моите мечти Ќе го крунисам погребот на мртвата љубов со збогување.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Еден трепет по местата познати зошто се игра со праменот на моите мечти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
- Игбал, постоиш ли или си само мој сон, моја мечта? – се осмелив да прашам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со каква пустош во душата стигнав во градот на моите мечти?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- А зар мечтите не постојат? – ми одговори со прашање. – И соништата, и желбите, и чувствата, и мислите, зар сето тоа не постои само затоа што не може да се допре со рака, или не може да се здогледа со очи, или да се вкуси и помириса?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мојата енергија ќе биде замок во кој јас ќе бидам штитена како принцеза. ќе ги остварам сите мои мечти и желби. * * * Најчудно од сè е што во животов среќавам многу луѓе слични на мене, по тоа што се чудни, но на различен начин.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Низ плачот што одекнува, песна се ткае, во ореолот на моите мечти, го гледам твоето доаѓање...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)