мој (прид.) - одделение (имн.)

Откако подразмислив малку, реков: - Јас веќе имам три девојки од моето одделение, ама не сум сигурен дали тие знаат дека ми се девојки.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
ЗАВИДЛИВОСТ Јас знаев, а знаеја и другите од моето одделение дека знам да повлекувам интересни линии по листовите од блокчињата за скицирање.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но споменот на тие години во женева времето и заборавот не ги беа уништиле, ни од далеку, туку беше жив во Борхесовото паметење, па дури стана и драга област на втората татковина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Главниот предмет беше латински, и јас наскоро открив дека другите предмети можат малку и да се занемарат доколку латинскиот ви е добар... живеевме во еден стан во јужниот, односно во стариот дел на градот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Марија и јас шетавме низ тој дел од градот, и таа ми ја покажа новата зграда во Улицата на Фердинанд Ходлер, во бројот 17, подигната откако старата зграда, во која биле Борхес и неговите, била урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во моето одделение бевме четириесетина; добар дел од нив беа странци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше рана пролет, почеток на април, да, тоа беше сончево претпладне со многу минувачи по шеталиштето на кејот под прозорецот (необична слика за тој дел од денот) кога началникот Круме Волнаровски ми се јави на службениот телефон за да ме информира дека во моето одделение, од Прифатниот центар за странци, е прераспределена Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)