мој (прид.) - однесување (имн.)

Знаев дека од моето однесување момчињата беа уште поиспровоцирани, па се чинеше ќе пукнат од љубопитност какво изненадување ќе им приредам понатаму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имав впечаток дека Х.Х. упорно и доследно ја реализира програмата на тајната полиција односно Централата за моето однесување во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Брзо го измени пред малку љубезниот израз на лицето во зака­ну­вачки: јас сум ги минал сите граници на однесување во Атеистичкиот музеј, а посебно катастрофално било моето однесување во кафеаната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И тој мора да поднесе извештај за моето однесување во арената.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше јасно дека започнуваше да се остварува невидливата, но најавувана и во поединости организирана реализација на казната, против моето однесување, моите зборови изречени во Атеистичкиот музеј и во двете кафеани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вера како да забележа некоја промена во мојот израз на лицето и во моето однесување, ме загледуваше внимателно повеќе пати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се пијанчам со вино и размислувам за грешките во моето однесување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со тоа го пресликувам моето однесување, соодветно погрешно на заклучокот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас ѝ го скратував животот веројатно секој ден по малку, несвесна дека го правам тоа со моето однесување.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еве, и пред тебе ќе ги повторам сите поединости од моето однесување во врска со настанов, и тоа по редоследот на случувањата! А ти, ислушај па пресуди...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека бевме во Бањи беше спомнуван татко му, Иван потпрашуваше, но овде, во градов, не верувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека моето однесување што уследи не ја задоволи, или поточно ја разочара.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не, не се случуваат такви нешта! Претеруваш! Ми ја испробуваш стрпливоста!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да имаше можност да го слушнеш веројатно и ти ќе заклучеше дека моето однесување во овие моменти не е по мој избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа наеднаш забележувам дека го повторувам она што таа го рече, или само слушам како ги повторувам нејзините зборови „колку си чуден, колку си чуден...“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чини навистина нешто не е в ред!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На Иван му ветив дека лично ќе се заземам околу префрлувањето на пензијата на мајка му на негово име, а му ветив исто така дека ќе се распрашам под кои услови може да добие и стипендија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, кај водениците и во Бањи со Иван разговаравме за сешто, но овде, во градов, разговаравме најмногу за школувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно и се беше причинило дека глумам оти не сум ја дочул или пак не сум ја сфатил пораката што ја беше изрекла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, таква сум. Секого можам да го стаписам со моето однесување!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа можеби вам ќе ви се чини чудно но јас навистина премногу го ценев оној судбоносен момент кога човекот се симнал од дрвото за да ја избере својата патека и да зачекори по неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам на моето однесување кое само по себе беше показател и на моите вредности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Посакав да ѝ го речам тоа, но нели, пред да сторам било што, требаше да ја замолам да се наведне за да ѝ ја дофрлам мојата намера во увото, но тоа се чинеше незгодно поради испитувачките погледи што го следеа моето однесување, а постоеше и оној личен проблем во моите мисли, што постојано го мотав и размотував, во него беше присутна Катерина; нели, таа секогаш ми идеше на ум иако преку некоја взаемна согласност ние практикувавме необврзувачка меѓусебна припадност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Која беше причината за ваквото мое однесување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ни не втасав да се запрашам: Што најмногу го погоди од моето однесување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За мене особено впечатлива беше забелешката на Николина со која се обиде да ја отслика фриволноста на моето однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но вистински бев уверен дека одбраната на нашето право на отсутност го оправдува моево однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали беше во прашање тонот на моето обраќање?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И најпосле“, додаде, „очекуваме и негова подршка на нашето заедничко дело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе признаам, многу се изненадив кога уште при првата средба со почитуваниот Никола Леко открив дека тој нема разбирање за моите постапки а таква судбина имаа и аргументите кои требаше да го оправдаат моето однесување откако прифатив своеволно едно од ропствата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Или збираш податоци за моето однесување во врска со несреќниов случај?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Време е да спомнам исто така дека постојат некакви си наоди, или поточно сомненија што се поврзуваат со моето однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Којзнае како ќе го протолкува моето однесување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во моето сеќавање сè уште се движеа необичните слики од сонот а помеѓу нив можев да ја распознаам и решеноста дека во мене воопшто не се јавува желба да обвинам поединци, или да сочувствувам, а ако е потребно дури и да страдам поради моето однесување во тој проклет сон иако во него се најдов не по своја вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Колку што можам да си спомнам, ништо не реков за некаква љубов - се обидувам да ги отстранам впечатоците од некое мое однесување за кое навистина не знам како пристигнало до Борко!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе имам забележано, и тоа од поодамна, дека ваквото мое однесување ми помага на грижите да гледам како на отпадок што можеме со другото ѓубре да го натрупаме во најлонска кеса и да го фрлиме во контејнерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)