мој (прид.) - професор (имн.)

- Разговарав, Мајко, со лекарите. И со мојот професор по интерна медицина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така секогаш зборуваше мојот професор Есер.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но веднаш ми се чини неумесна дури и смешна оваа помисла!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто пред иследникот го сокрив потеклото на разговорот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност пропуштив да му откријам дека повторувам слични зборови на оние што ги бев употребил во еден друг разговор со истиот мој професор Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неправдата на мојот професор предизвикуваше кај мене бес и тага.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Г.С.: Гениј! Во раце сум ја држел книгата која Хофстетер му ја посвети на мојот професор од Бугарија! Какво чувство!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Додека слушав за последните денови од животот на мојата професорка, читателка, се сетив за времето на еден од многуте часови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа беше за мене голема, незаборавна средба во животот. Mногу години по завршените студии, јас поретко одев на часови по француски јазик кај мојата професорка. Kако некогаш на мојот татко, постојано ѝ носев книги, кои таа ревносно наоѓаше време да ги прочита и потоа да ги коментираме заедно, да ги потцртува со молив за мене позначајните места.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Драги и почитуван мој професоре, На штик и нож падна под нашите нозе Иван Планина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По секоја средба со него се чувствувам убаво, радосно и секогаш си велам: „Кога сите луѓе би биле како мојот професор, животот би ни бил многу поубав, почовечен.“
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Вие може да верувате дека знаете, но јас тврдам дека и мојот професор од Виена ќе ви го речеше ова што ви го велам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А може и ништо нема да ви рече.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само ќе ги поткрене рамињата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)