мој (прид.) - радост (имн.)

Ти си добро момче, Драгане, ќе ми помогнеш до крај и уште посилно да зашуми сега мојата радост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тоа и мојата радост и мојата мака.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Бидејќи сите тие дрвја, тој шум, сето тоа е дел од мојата работа, дел од мојата радост, дел од мојата среќа, дел од мене самиот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секое утро ги допирам моите сонови, чекор сум поблиску до мојата среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ми недостасува таа малку среќа, ми недостасува една насмевка, таа е мојата радост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа, сега, те молам во името на мојата радост и во името на Радината младост да ми исполниш две желби.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сепак, искрено се радуваше. А, на мојата радост ѝ немаше крај. Ама кратко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога велам - вистинска опасност, мислам на тоа дека ние живееме на единаесетти кат, па замислете како би можела да заврши мојата радост да не се контролирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Утредента не ја видов кога отишла на работа. Сум се успала.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со нив, во Арл, ја споделивме во кафеаната Ван Гог, во која бил редовен гостин славниот сликар, мојата радост за првите објавени страници од Татковите книги, десетина стории, преведени од швајцарскиот романсиер Луј Жино во списанието Ecriture, кое се објавува во Лозана.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И беше ли целосна мојата радост?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Веројатно скришум и тој ја споделуваше мојата радост, но не сакаше по никоја цена да ја покаже.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас понекогаш му кажував брзозборки, гатанки и бајки, а еднаш почнав да му зборувам за мојата мајка, за нејзините зборови на презир и потсмев за тоа како јадам, како се смеам, како чекорам; за тоа дека кога ни доаѓаа на гости нејзините пријателки со ќеркичките, таа пред нив ми велеше дека не умеам како нив да разговарам, да се смеам, да чекорам; му кажував со кои зборови го навредуваше секое мое воодушевување и секоја моја радост: воодушевувањето од вештината на неговиот татко, радоста што секоја недела претпладне го среќавав него, Рајнер, иако тој молчи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За човечките суштества Јас е секогаш Јас, и Јас не може да биде Ти, и Ти не може да биде Јас; и ветерот секогаш ќе биде нешто друго, иако ќе минува покрај мене, иако понекогаш, заради неговата силина, ќе ми се чини дека ми се вовира во коските, ветерот ќе остане ветер, а Јас ќе бидам Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечкото суштество прави јасна разлика меѓу себе и светот – може да сочувствува, може да биде бесчувствително, но секогаш мојата болка е моја болка, и мојата радост е моја радост, колку и да ги споделувам со другите; а болката и радоста на другиот никогаш не можат да бидат во потполност мои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш Рајнер за првпат ми проговори: “А мене моите родители ме сакаат,” рече, а имаше толку болка во неговиот глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве: ти прибери го едното, телото, јас ќе ги приберам останатите девет невидливи нешта се на моја страна: -Заповед од мојата чесна уста, -слава од мојот ум обновуван, -почест од мојата радост непоматена, -сила од моето срце широко, -почит од луѓето, кои се мои потпирачи, -верба од мојата душа умножена, -успех од мојот корен ијладажилест, -акција од мојата крв зовриена -песна од моето грло пуштено.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)