Сум бил до таму - ама мојата самовила ја немало ... сум заслегол до пештерата-бигорна -ама и таму ја немало... и заслегов кон изворчето, кон коритцето-бигорно... капките си капеле - и тенка шурка се лизгала наудолу... и тогаш свртев накај карпите откај што сум дошол, кога се сретнавме со Ѕвезда моја... и се спуштив удолу - накај Езерото...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Така наредени ги наведоа главите во знак на понизност а кадијата излезе пред Ајша, која се тргна од вратата и достоинствено испушти: – Што прават моите самовили?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)