мој (прид.) - сенка (имн.)

Самиот си направив пишувало подолго од седумдесет години и како Башо дури сега осознав дека веќе вјавам на дооден коњ и дека зад мене, смрзната веќе, лази мојата сенка... Размисла
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Осама Времето што престанува доколку налик е на она кое веќе одмина тогаш и мојата сенка ќе исчезне како што исчезнале и сите други пред неа и Ти, Господи, ќе продолжиш сам сè до последната сабота на Големите пости, за одново да воскреснеш, и одново пак да се родиш, за одново да Те распнат...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тоа што го гледате, а не го слушате, качено на врв планина, отспротива, тоа е мојата сенка. Мојата душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зашто, кај што сум јас, тука е темнината, а кај што е мојата сенка, мојата душа, таму е светлината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од другата страна, на планината Кара Дак кај што обитува мојата сенка, постои село Бродец, а во селото Бродец постои Брод, во кој се собрани сите животни кои Господ ги создал поред Потопот, а со Бродот управува Утнапиштим дален, а кој вие го знаете како Ное.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И не жалам, зашто знам оти сум смртен и не тажам зашто на Господ му ја ветив мојата сенка, мојата душа и тој ја избра меѓу убавите семиња на светот за Бродот од селото Бродец, со кој управува Утнапиштим дален, а кого вие го нарековте Ное.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Веднаш знаев оти овој пат смртта се престорила во мојата сенка, а јас сенката си ја испив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Чекорев, како да не ги забележувам, како да не се со стапалки врз мојата сенка, до песочниот брег на реката и седев на камен под неколку густо никнати врби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Понекогаш пензионираниот пожарникар од Пупипафија Генерал Шмрк за кого мислевме дека се допишува со англиската кралица, ја повторуваше следната поговорка: „Не помагај му на човекот, тој тоа не ќе ти го прости!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во желба да се истргне од стапалата, мојата сенка се џапаше, во намера да се врати од Пупипафија, меѓу сенките на моите врсници, од кои како да ме делеа столетија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мислам дека и мојата сенка е издупчена и од секоја дупка крв и гној ми капе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекорев, како да не ги забележувам, како да не се со стапалки врз мојата сенка, до песочниот брег на реката и седев на камен под неколку густо никнати врби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сенката на слонот ќе ја опамети мојата сенка, - рече Карамба-Барамба совладувајќи го стравот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Еве ме, лежам ничкум и љубопитно ја гледам волшебната топка на која се нацртани сите држави и сите мориља на светот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Колку беше големо ова дрво пред нашава куќа, прашав бидејќи бев утврдил дека веќе не се сеќавам, но скрив оти мојата сенка шеташе по неговата гранка. Оревот, праша татко ми?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)