мој (прид.) - снага (имн.)

Тоа се трупа полека по хумусот на мојата снага по мислата по сетилата по плодот на земјината кора.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Погледајте: мојата снага се простира далеку!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Вошката предизвика страшна болка и срам во мене, особено што уште од почетокот на моето вселување во бараката, таа се шетала по мојата снага и ми ја цицала и онака скромната крв, неа не ја поврзав со бараката, со сламарникот на бај Шишко, туку веднаш знаев дека е закандисана од косиштата што ги слупуше Нанчо а после јас спиев на тоа место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Богатијот разбрал оти с¯ тоа је од мрза и им рекол да го закопаат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ја се надеев тамо да је пораат одовде, туку тамо било уште помачно.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Аман, мажу, плачејќи му се молила, те молам доста, доста ја тепа метлата, оти ми ја скапа мојата снага, за првпат сега прости а, па вторипат, ако не те пориза, што сакаш тогај прај е.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така ја гледах на мојата снага и многу се чудех.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И погледнах назад, видох мојата снага, лежеше бездушна како некој кога си соблече свои руби и ги остави и гледа на них.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)