мој (прид.) - сонце (имн.)

И јас го познавам поразот зошто и јас еднаш загубив, нешто скапоцено, една душа која љубеше, едни раце кои милуваа, едни очи кои беа моите сонца, едно срце во кое бев јас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите еден ден ќе ја запознааеме болката и некои страдаат секој ден, секоја ноќ, секој час, малце по малце, и не се предаваат, се борат со злото, искушението и неспокојот и го наоѓаат својот пат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Да, драга Ема, во Равена мојот Јирачек, моето сонце, веќе ме чека, јас знам дека ме чека Јирачек и ги мерка тие стари, истрошени европејци, тоа се истите оние од Вацлавске Намјести, кои како река доаѓаат од секаде за да си го дотрошат животот, желни да брцнат со прст или со нос во нешто младо, убаво; пари даваат за тоа, душа даваат за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема, разбираш ли, газ би дале за пичка.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не беше тоа мое сонце.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
На моите сонца за три светови На еден изгрев и на вербата во Бога, кој, случајно или намерно, ги вкрстува шините на возовите во кои патуваат само добри луѓе кои, ете, навистина постојат!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од клетва лек нема.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Бескрајно растажен од големата загуба и безбројните жртви, навреден како татко и цар и бесен од болка, тој ја проколнал Струма: „Те проколнувам тебе, која до овој миг беше мое сонце и смисла на мојот живот: земјата да не те прими.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Со време, Струма умрела.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Она неизговорено: те сакам, мило мое сонце, со сонце во очите и невино срце.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И пак ќе грее моето сонце?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Има ли надеж дека пак пролет ќе дојде? и пак ќе грее моето сонце и патувања одново ќе има но место на Марс, во новите коридори на животот ќе ги побараме старите траги и сладоста во која уживавме Дозволи да те заборавам и соновите во јавето да бидат заборав и минатост...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)