7.6 Стоев така збунет И ми се јави Мајка И ми рече: Крени ја раката, Допри го моето чело!
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
И кога мислев дека веќе го нема и дека се изјасни се наеднаш сфатив дека неговата сенка се скрила под моето чело да притиска глуво како во кошмарна бессоница.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ни мртвата птица, чија сенка мавта со крилја зад моето чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нели ви се допаѓа светата водица на моето чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Води, да молам. Однесете ја сенката на моето чело. Ветрови, пак молам. Однесете ја сенката на моето чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја одлепив точката од моето чело и, подавајќи му ја, само што не се расплакав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тој си имаше некои свои мисли, далечни и недостапни за мене, или само така ми се причини, но го забележа мојот поглед, се насмевна и со прст ја допре точката на моето чело.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Автоматски подадов рака кон моето чело и го напипав тоа што пред малку Игбал ми го залеми меѓу веѓите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми се доближи и застана пред мене како да ќе се потпише на моето чело со танкиот нос.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мислам дека визуелизираше точка зад моето чело и замислуваше како би можел грубо да дојде до неа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Најстариот меѓу нас, Симон Наконтик, дојде како од плеснива икона на која заборавен светописец ја раскажал Тајната вечера на апостолите и ме повика да седам до него крај огнот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој прв забележа дека сум болен. Минуваше со збрчкана дланка преку моето чело и мрмореше нешто.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со грбот на ѕидот, едната рака како да е подадена на кај моето чело, другата ѝ е во скутот, а главата - нанапред и надолу.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од каде твојата насмевка кога ќе се навлажи небото под моето чело?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во часовите на работ од бессознанието, кога високата температура правеше само одвреме навреме да се освестувам, во таа полусвесност можев да ја видам мама, нејзиниот поглед во кој беше стрепетот за мојот живот, нејзините раце кои ми редеа ладни крпи на челото, кои ги соблекуваа од мене испотените алиштенца и ми облекуваа нови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На почетокот од мојот живот беше љубовта, беше погледот на мојата мајка, беше нејзината рака на моето чело, беше нејзината грижа за моето здравје.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога од јаболкото ќе останеа само нејадливите делови, брат ми ги ставаше усните на моето чело, за да ја провери температурата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога одев да ја посетам Сара, сѐ почесто ја наоѓав во пеперуткарникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога прелета оваа мисла по небото на моето чело веднаш си реков: Васке, Васке, од кога си го имаш впрегнато умот во колата на глупоста?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Зајакот не е во грмушките, зајакот стои среде друмот, а за она што се наоѓа зад капињакот остави времето само да го побара и да го открие.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)