мој (прид.) - редовен (прид.)

Наместо да го каже тоа што секогаш го кажуваше, мајка ми, откако ги ислуша моите редовни поплаки на тема – „неоствареноста на мојата најголема желба”, спокојно изговори: - Бреза, една среда ние двете ќе заминеме за Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поттикнат од неговото читање, јас храбро пишував на теми за кои претпоставував дека ќе го задржат неговото внимание, заборавајќи ги целосно моите редовни читатели во весникот, како и претпоставените уредници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Јас бев легната во креветот, таа седната крај мене, во собата беше изгасната светилката, па не можев да ѝ го видам лицето кога ја изговори таа чудна реченица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)