А еве, со сиот тој негов отпор кон враќањето на човекот кон природата, сега чекори низ студ и низ снег, низ оваа мрачна шума.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Внимавај што и кого цитираш. Анализирај го контекстот како мрачна шума во која вирее твоето дрво.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)