Повремено, кога ја средувам документацијата, ги гледам фотографиите од гробовите и прочитувам: „Лазе Костовски и Невена, заедно, 1949 и 1951, на крстот имало две мали елипсоидни слики, но со време испаднале, останале само дупчиња; Стефан Лазески, 194., последната бројка не е читлива; Младен Поцо, 1956; Ица Танеска, името напишано наново со мрсна боја; Боне Попчев, 1945, со елипсоидна слика под стакленце, на еден крај поткршено, сликан залегнат со шмајзер на Сремскиот фронт, каде што е убиен; Стевка Симонова, година нечитка, за спомен од нејзиниот син Тале“.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)